Алијанса за Албанците вчера откри дека ќе коалицира со Алтернатива на изборите на 12-ти април. Првиот човек на партијата, Зијадин Села, потврди дека Алтернатива на Африм Гаши ја прифатила понудата за коалиција, а Движењето Беса не.
Но, што мислат граѓаните за неуспехот на тројната коалиција?
Некои мислат дека сѐ уште има надеж за оваа коалиција.
„Јас мислам дека сѐ уште не е крај. Има уште надеж да се обединат“, порача еден граѓанин.
Други пак со став дека ова се случило поради личните интереси на партиите.
Анкета граѓани:
„Тие имаат свои интереси“
„Не се искрени. Се обвинуваат меѓусебе, само за да нема договор“
„Не се искрени за нацијата, поради тоа и потфрлија. Како секогаш, така и сега“
Некои граѓани, пак, воопшто и не покажаа интерес за неуспехот на коалицијата.
„Да ти кажам право воопшто не ме интересира. Политиката воопшто не ме интересира“
Но, што мислат граѓаните за евентуална коалиција меѓу СДСМ и Беса?
Анкета граѓани:
„Не може, бидејќи секако се со Беса“.
„Може. Подобро со СДСМ, отколку со ВМРО. За нас е подобро“.
„Немаме потреба од СДСМ. Нема врска дали е ВМРО, СДСМ, Америка или Русија. Не се согласуваме меѓусебе и затоа никој не ни е крив“.
Еден граѓанин со став дека Алијанса и Алтернатива не можат да ја победат ДУИ.
„Никогаш“, истакна тој.
Но, некои пак мислеа дека ДУИ веќе одамна изгубила.
Анкета:
„ДУИ веќе одамна изгуби“.
„За да ја победат ДУИ, треба ДУИ да изгуби, а за ДУИ да изгуби треба народот да не гласа. Народот стана само од интерес. Ниту народот не е искрен, да беше искрен, и политиката ќе беше“.
„Има можност да ја победат, но само ако работат фер, ако работат како ДУИ – не. Со лаги не оди“.
Сепак, вчера лидерот на Алијанса за Албанците, за време на неговиот говор рече дека секоја можност за соработка е отворена, но останува под знак прашалник дали тоа важи и за Беса на Касами.
