Граѓаните за работата на владата: „Немаме чиста вода за пиење, здравството и економијата проблем“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Празни ветувања, немаме вода за пиење. Вака одговори еден граѓанин кога го прашавме за сработеното на владата во првите 100 дена од нејзиното формирање.

„Ништо од нивните ветувања. Живеам во село немаме вода за пиење. Имаме само празни ветувања“.

Еден друг граѓанин вели дека нема правда. Дел од анкетираните сметаат дека ветувањата се само за изборите, а потоа се забораваат граѓаните. Главни проблеми кои ги посочуваат се економијата и здравството.

„Не е правна држава. Не работи правото за сите. Само за мафијата, не работи правото“.

„Воопшто не сме задоволни. Зошто? Затоа што ништо не направија само верглааат во место. Све што ветија излажаа. Значи не сме задоволни. Повеќе од народот што не сака да збори се кажува тоа“.

„Што и да се направи во Македонија јас сум скептичен. Ние можеме да кажеме дека ќе биде поробдро затоа што надежта последна умира. Но сепак треба да се соочиме со реалноста. Се наоѓаме во „Трета светска војна“ во пандемија опфатена низ целиот свет. Имаме здравствени и економски проблем“.

Но, има и такви кои се задоволни.

„Добро е ама треба да биде подобро, мислам дека ќе се оправи работата. Тоа е мое мислење сега тоа на нив останува. Тоа што ветуваат треба да исполнат.“

„Горе долу можеби може да биде нешто задоволително. Не дека нема. Тоа е тоа. Според можностите така и политиката.“

„Досега и така и така, ниту баш задоволен, тоа е тоа. Кој и да е истото ќе биде, нема да биде подобро ништо.“

Голем број од граѓаните воопшто не сакаат да зборуваат.