Грчкото тло изминатото деноноќие главно мирно, регистрирани само помали потреси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После серијата на силни и умерени земјотреси во средниот дел на Грција, односно блиску до градот Лариса, изминатото деноноќие грчкото тло беше мирно.

Еден земјотрес со јачина во 3 степени во 6 часот, и некаде околу 10 часот со интензитет од 3,5 степени, малку ги вознемири граѓаните, но без материјални штети.

Граѓаните на оваа област се вознемирени по серијата на потреси кои се случија во изминатите 3-4 дена. Најсилниот беше во средата со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, кој придонесе за материјална штета. Среќа што епицентарот беше 35 километри од Лариса, на ненаселено место, па беше причинета само да се урнат неколку стари градби. Со полесни повреди минаа три лица.

Утрово земјотрес имаше и на остротов Крит, со интензитет од 3 степени според Рихтер.

Посилните земјотреси, особено оние над 5 степени, беа почувствувани и на територијата на Македонија со 3-4 степени.