Потпишан меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Сашо Клековски оствари билатерална средба со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул.  

По средбата, двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството. Меморандумот е основа за конкретни заеднички активности меѓу двете министерства и нивните здравствени институции.

Како области на идната соработка, Клековски ги издвоил дигиталното здравство, стручната размена и едукацијата на специјалисти, како и соработката во областа на лековите и вакцините. „Турција е искрен пријател на Македонија и тоа го покажа и во најтешките моменти по трагедијата во Кочани. Меморандумот ни дава рамка добрите односи да ги претвориме во конкретни проекти – од дигитално здравство, преку едукација на специјалисти, до лекови и вакцини“, изјави министерот Клековски.

Во конкретизацијата на соработката ќе се вклучи и турската државна агенција за меѓународни здравствени услуги.