Етничкиот грк и градоначалник на албанскиот град Химаре, Фреди Белери, кој заврши во затвор, е избран за европратеник, како кандидат на владеачката грчка партија Нова Демократија. „Катимерини“ објави дека Балери освоил 236.000 гласови.
Фреди Белери е во затвор од март годинава, откако доби двегодишна затворска казна поради купување на гласови. Неговата кампања ја водеше неговиот син ЛЕонардо.
Апсењето на Белери ги засили тензиите меѓу Грција и Албанија, и стана закана за исполнување на ЕУ амбициите на Албанија.
Белери беше кандидат за градоначалник на Химаре, но беше уапсен два дена пред изборите. Тој издвојува наверојатна победа, со само 19 гласови разлика.
