Гркот Јанис Адетокумбо му донесе НБА титула на Милвоки!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со победа од 105:98 во шестиот меч од финалната НБА серија над Феникс Санс, Милвоки Бакс ја освоија титулата после точно 50 години чекање. МВП на финалето Гркот Јанис Адетокумбо одигра спектакуларен меч постигнувајќи 50 поени, и го однесее својот тим до прстенот.

Екипата на Милвоки ја искористи шансата во својата арена (70 илјади гледачи го следеа мечот пред салата), да дојде до четвртата победа во финалната серија и на крајот да ја добие целата серија со 4:2 (губеше 2:0).

Адетокумбо во одлучувачкиот меч ја одигра својата најдобра кошарка во животот. Покрај 50 поени, имаше 14 скока, две асистинции и пет блокади.

Во редовите на Феник Крис Пол уфрли 26 поени.

Ова беше втора титула за Милвоки во својата историја.