Грција ја погоди силен земјотрес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Посилен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција во неделата наутро. Епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри југоисточно од грчката престолнина Атина. Епицентарот на земјотресот бил на островот Китнос.

„Темјата се тресеше добри десет секунди“; „Се тресеа прозорците од мојата куќа“, „Во Атина се чувствувавме како да има два земјотреси“ „Веќе сме навикнати на вакви земјотреси во регионот. Беше доста силен“… беа коментарите на некои грчки жители на страницата на ЕМСЦ.

Според грчките медиуми, нема жртви или поголема материјална штета.