Грчките власти донесоа одлука да почнат итна изградба на пристаниште за можна евакуација на островор Санторини, кој од крајот на јануари го потресоа илјадници земјотреси, што ја зголеми грижата за потенцијален посилен земјотрес.
Плановите за изградба на пристаништето го соопшти министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.
Тој наведе дека градежните активности на пристаништетот, каде што патничките бродови ќе можат да се закотват ако е потребно, ќе започнат веднаш од страна на војската во рамките на договорот со грчката цивинла одбрана и изведувачот на локацијата.
Кикилијас прецизираше дека ова пристаниште ќе се гради независно од прокетите за ново постојано пристаниште на островот, и ќе биде надвор од областа на активниот вулкан, каде што е сегашното пристаниште.
