Претставници на ЕБОР во посета на Македонија: Средби со премиерот Мицкоски, вицепремиерот Николоски и повеќе институции и компании

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ќе ја посетат земјава од 12 до 16 октомври, соопштија од ЕБОР.

Посетата е дел од редовната серија консултации на претставниците на Банката, и ќе вклучува средби со високи владини претставници, претставници од деловната заедница, банкарскиот сектор, меѓународните партнери и организациите од цивилниот сектор. Директорите ќе ги посетат и компаниите од приватниот сектор, кои се поддржани од ЕБОР.

За време на посетата, претставниците на ЕБОР ќе се сретнат со премиерот Христијан Мицкоски и заменик-премиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Планирани се средби и со министерствата за енергетика, екологија, финансии и надворешни работи, како и градоначалникот на Скопје и претставници на Народната банка.

„Програмата ќе опфати разговори со организации од цивилното општество, во врска со владеењето, транспарентноста, конкурентноста, пристапувањето до Европската Унија, зелената транзиција, родова еднаквост и економска инклузија, Директорите ќе разменат и мислења за локалните компании, претпријатијата, комерцијалните банки, дипломатските претставништва и меѓународните развојни партнери. Делегацијата ќе ги посети Варус и Макпрогрес, кои се клиенти на ЕБОР, и ќе оствари средба со менаџментот на компаниите за да се запознае со работењето на компаниите, нивните развојни планови и искуствата на соработката со ЕБОР. Посетата на Макпрогрес ќе го опфати и разгледување на центарот за истражување и развој, како и новите капацитети за производство на вафли“, соопштија од ЕБОР.

ЕБОР има инвестирано во земјава скоро ЕУР 3,2 милијарди, во 219 проекти. Како што се посочува во соопштението, моменталните приоритети се насочени кон зајакнување на интеграцијата и поврзаноста, забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, и поддшка на поконкурентни, инклузивни и добро-управувани економии.