Грција ќе ја зголеми цената на една такса – подгответе се да плаќате поскапо сместување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонските туристи кои летото го минуваат во Грција, ќе треба да се подготват за нови, повисоки цени во сместувањето кај нашиот јужен сосед.

Грчката влада предвидува од почетокот на 2025 година да го зголеми т.н. такса за отпорност на климата, кој е во сила од оваа година.

Зголемувањето се однесува на хотели, соби за изнајмување и краткорочни изнајмувања.

Во некои места за сместување оваа такса е вклучена во цената, но има и такви каде што се наплаќа за секој ден престој. Инаку таксата досега беше 1,5 евра, а се зборува дека ќе се зголеми и до 2 евра за ден. Кај хотелите со 3 ѕвезди поскапувањето ќе биде од три на пет евра, а кај хотелите со 4 ѕвезди од 7 на 10 евра. Во 5 ѕвезди оваа такса се зголемува до 15 евра, наместо досегашните 10.

Исто такам се зголемува и надоместокот за краткоточно изнајмување на соби или куќи. Станува збор за станови и сместувања кои се пуштаат преку социјалните мрежи или преку платформи за сместувања и хотели.