Со 274 гласови ЗА и 50 воздржани, Никитас Какламанис е одбран за нов претседател на грчкиот Парламент. Тој е пратеник од владеачката Нова Демократија.
Какламанис доаѓа на местото на Константинос Тасулас, кој е во владиниот избор на шеф на државата, Нова Демократија го предложи Какламанис.
Во гласањето во Парламентот, беше одбран со поддршка од Нова Демократија, и опозициските СИРИЗА; ПАСОК, Грчко решение, Спартанци и голем дел од независните пратеници.
Од друга страна воздржани беа пратениците од Комунистичката партија, Нова левица, Курс на слободата, Победа и четворица независнки пратеници.
