Можноста вакцинираните во Грција да добијат попуст на месечните билети за јавниот превоз, ја разгледува грчката Влада, откри министерот за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис, во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ”, јави дописничката на МИА од Атина.
Надлежниот министер рече дека тоа е во рамките на стратегијата за мотивирање и поттикнување на граѓаните да се вакцинираат и објасни дека речиси две третини од оние кои користат јавен превоз во Атина имаат месечни неограничени билети.
– На оние кои се вакцинирани можеме да им дадеме одреден попуст, за да можеме да им дадеме дополнителен мотив, но и заштита, на луѓето кои се вакцинирани, но и дополнителен поттик за оние кои размислуваат да се вакцинираат, истакна Караманлис, додавајќи дека ова е нешто за кое Министерството разговара со јавниот превоз во Атина, а набргу ќе има и конкретни соопштенија
