Грција се вооружува, ќе вложи 25 милијарди евра во одбраната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грција ќе одвои 25 милијарди евра за одбрана до 2037 година, објави американската агенција Блумберг, повикувајќи се на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Министерот за одбрана знае дека има на располагање 25 милијарди евра за целото времетраење на програмата“, рече Мицотакис.

Новата грчка стратегија е дизајнирана за следните 12 години. Целта е да се развие грчката одбранбена индустрија и да се интегрираат новите технологии во грчката војска. Ова вклучува воведување дронови и системи против дронови, употреба на вештачка интелигенција и подобрена сајбер безбедност.

Киријакос Велопулос, член на националниот парламент, рече дека планот за вооружување на Европа предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен не е погоден за сите земји од Европската унија. Тој истакна дека трошоците за одбрана на Грција веќе надминуваат 4 отсто од БДП.