Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро во регионите кои се најповеќе погодени од вирусот корона. Донесена е и одлука за носење маски на отворено.

Ноќниот полициски час се воведува во областите кои припаѓаат на нивоа три и четири со ризик како што се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта. Новите мерки стапуваат на сила во сабота во 18 часот.

Грчките здравствени власти денес регистрираа 882 нови случаи на коронавирус, како и 15 нови смртни случаи.