Груби ги предупреди Касами, Села и Гаши – „Да не направат чекор кој би ја згрозил европската иднина на земјава“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат преговорите за парламентарно мнозинство. Артан Груби од ДУИ вели дека се во преговори не само со Алтернатива туку и со други политички партии  за можноста за проширување на парламентарното мнозинство.

„Во преговори сме не само со Алтернатива, туку имаме контакти и со други политички партии  кои се дел од Собранието за да му се приклучат на парламентарното мнозинство или да го поддржат парламентарното мнозинство и сум убеден дека  сите тие кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ ќе му се приклучат на ова мнозинство“, истакна Артан Груби.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара предвремени парламентарни избори, Груби смета дека во земјава нема да има драматични случувања. Тој ги предупреди албанските партии, Беса, АА и Алтернатива да не направат некој чекор со кој би ја загрозиле европската иднина на земјава.

„Не очекувам драматични случувања во земјава. Јас сум убеден дека и г. Гаши но и г. Касамии г. Села се свесни за важноста на овој момент и случувања што се преземаат во Брисел во правец на отворање на преговорите и нема да направат чекор со кој ќе ја загрозат европската идниона на земјава“, додава Артан Груби.

Откако Беса  ја напушти коалицијата, парламентарното мнозинство остана со 59 пратеника. Владата “преживеа“ откако пратеникот Кастриот Реџепи не гласаше за уривање на владата, но за да се стабилизира, на актуелното мнозинство  му треба барем уште еден пратеник. Од друга страна, Алтернатива дискутира за влез во владата и за тоа се очекува утре да излезат со одлука. Оваа партија еднаш ја потпиша иницијативата за уривање на владата а сега преговара за влез во истата. Лидерот на оваа партија, Африм Гаши по средбата со Заев рече дека   е задолжен за разработка на   две  опции на решение.