Пред да отидат во вила Водно, петтемина министри на ДУИ имаа се координираа со првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби. По координацијата, Груби се појави пред медиумите и ја објасни неговата улога во владата.
Појаснувајќи на неговата изјава што ја даде синоќа по гласањето на владата кога рече дека со Заев се едно, Груби рече дека начело на оваа влада ќе биде консензуалното носење одлуки.
„Во договорот на коалицијата, но и во владината програма начелото на консензуланост во носењето одлуки, на консензуалната демократија, е еден од столбовите на спроведувањето на таа програма. Јас вчера му реков на премиерот Заев дека веќе сме едно. Едно колективно тело и дека ќе одлучуваме заедно.“, рече Груби.
Заев коментирајќи ја изјавата на Груби, рече дека разликите кои ги имале двете партии во кампањата се надминати и дека кадарот на ДУИ во Владата не е инкриминиран.
Груби има и функција на министер за системска политика и најави дека во овој состав на работа ќе бидат вратени околу 1400 административци кои примаа плата а седеа дома.
За дефинирање на функцијата и надлежностите како прв вицепремиер на Владата, тој соопшти дека уште утре ќе се разгледа измената на Работниот деловник на владата.
