Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека ќе се вакцинира.
Тој додава дека очекува почетокот на месец февруари да пристигне вакцината.
„Првиот контингент од Фајзер очекуваме да стигне почеток на февруари. Се надеваме дека од февруари, март, април ќе започнеме со вакцинација на населението. Сме разговарале и за кинеската вакцина. За руската вакцина не сме разговарале со никого“, посочи Груби.
Тој истакнува дека се очекуваат 2.400.000 вакцини од Фејзер и од други компании кои веќе се одобрени од Европската Унија.
