Груби: „Ми понудија 5 милиони вакцини, требаше да се зголеми тимот и да се барааат други методи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија има застој во обезбедувањето на антиковид вакцините, но ситуацијата е иста и во неколку земји од регионот и ЕУ, изјави првиот вицепремиер, Артан Груби, во вчерашното издание на дебатниот магазин Клик Плус во ТВ21. Вториот човек на Владата смета дека за побрза набавка на вакцината требало да се прошири владиниот тим и да се најдат други методи.

„Можеби требало да имаме регионален пристап при нарачката на вакцините каде ќе бидат опфатени Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Македонија како Балкански земји, како многу поголем и поинтересен пазар и за Фајзер и за другите произведувачи, доколку заедно ја правевме набавката.“, рече Груби.

Додаде дека Министерот за здравство и Владата прават максимални напори за што побрза набавка на антиковид вакцините, и дека на него скоро секој ден му се јавуваат компании кои му гарантираат дека можат да ја обезбедат вакцината побрзо.

„Нема ден да помине без да ми се јави некој за вакцини. Не подалеку, пред да влезам во ова студио ми се јавија за 5 милиони вакцини од Германија.“, вели Груби.

Груби зборуваше и за набавката на вакцини преку кинеските фантом компании.

„Навистина направил искрени обиди за нивно обезбедување и можеби може да се направи некоја грешка бидејќи навистина се обидуваме со натчовечки напори да обезбедиме вакцини.“, рече првиот вицепремиер.

Груби изјави дека според ветувањата на структурите на ЕУ, преку Ковакс системот, 800 илјади вакцини треба да пристигнат во почетокот на април. 200 илјади кинески вакцини треба да стигнат следните десет дена, за руските вакцини постапката е во тек, а со Фајзер се уште преговараат.