Груби: На Меџити ќе му одговорам писмено, Меџити: Не бегам никаде, ДУИ ќе ја направам подобра ако сум таму

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот, Изет Меџити пред десетина дена му постави прашања од собраниската говорница на неговиот сопартиец, вицепремиерот, Артан Груби.

Меџити постави три прашања. Првото беше за индустриската зона Визбегово, второто за соодветна застапеност при вработувања во приватните претпријатија и третото изборните ветувања за владината програма.

Но, тој ден Груби излезе од собраниската сала без да му одговори.
Вчера во емисијата Клик Плус вицепремиерот Артан Груби рече дека прашањата кои ги поставил Меџити подобро би било да ги поставил во ДУИ. Тој одби да одговори усно за прашањата на Меџити, а додаде дека писмено ќе му одговори.

„Ги прифаќам овие критики и сугестии, а би било подобро да бидат во рамките на партиските органи“.
ТВ21: А не во Собрание?
„Не ми се случило никогаш такво нешто, барем јас не сум направил такво нешто додека бев пратеник.“

Во неколку интернет портали кружеше веста дека Меџити преминал во друга партија, но веднаш потоа го демантираше тоа.

„Почитувани пријатели, во врска со веста објавена пред малку. Ве информирам дека јас политичките активности и кариера сум ги градел во ДУИ од 2002 година и целта за подобро ДУИ ќе го направам внатре во ДУИ а не бегајќи.“, рече Меџити.

Член 42 на Деловникот на Собранието предвидува – доколку носителот на јавна функција, изјави дека од оправдани причини не е во можност да даде устен одговор на таа седница, должен е одговорот во писмена форма да го даде во рок од 20 дена. Но, првиот Вицепремиер се уште не го направил тоа.