Груби: Не знаеме за каква иницијатива на СДСМ станува збор!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека не знае за содржината на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието.

„Од СДСМ ме известија за иницијативата, но не и за содржината. Вчера во 22:10 телефонски ме контактираше координаторот на пратеничката група на СДСМ за да ме извести дека има иницијатива за свикување на Собранието, но не и за содржината на истата. Затоа ние и натаму немаме партиски став, и не знаеме за каква иницијатива станува збор“, рече Груби.