Груби: Премиерот ќе го избереме заедно, Реџепи: Тоа е само реторика која ѝ служи на една партија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот премиер Албанец , заедно со албанската опозиција ќе ги избераме по 15 јули – изјави Артан Груби во Клик Плус. Тој додаде дека сите албански партии ја поддржуваат идејата за премиер Албанец, но сакат кандидат од нивните партии.

Тој додаде дека предлогот нема да биде лик од ниту една партија, ниту од ДУИ,  туку личност избран и поддржан од албанската опозиција.

„Новиот премиер Албанец, ние велиме да го избираме заедно со албанската опозиција по 15 јули.“, вели Груби.

ТВ21: Но, тие не ве поддржуваат!

Груби: Секако ќе не поддржуваат. Тие самите велат дека ќе не поддржат. Сите се за премиер Албанец, само велат не од ДУИ, туку ја прифаќаат идејата но сакаат премиерот да биде од нивната политичка партија. Ние велиме ниту ние, ниту вие, и всушност ќе излеземе со кандидат кој ќе ги обедини сите.

Од Движење Беса, велат дека ова е само маркетинг реторика која и служи на една политичка партија.

„Ние сме во предизборен период, секоја идеја која се предлага и доаѓа по 12 април е само ПР реторика која и служи на една политичка партија. Ние веќе ги доставивме списоците, имаме коалициски партнер, а што се однесува на Премиер Албанец, тоа ќе стане реалност благодарение на ангажманот на Движење Беса во иднина.“, рече Кастриот Реџепи.

Од партијата на Села велат дека граѓаните се изморени од лагите и демагогијата на ДУИ и тие бараат конкретни проекти за подобрување на квалитетот на живеење.

„ДУИ на 15 јули ќе ги изгуби изборите, а коалицијата Алијанса и Алтернатива како победничка коалиција повторно ќе ја активира тркалезната маса на албанските парламентарни политички партии. Се надевам дека ДУИ по 15 јули ќе биде конструктивна опозиција и ќе почне со реформирање, бидејќи Албанците во Северна Македонија имаат потреба од една кредибилна опозициска партија.“, рече Таравари.

Груби рече дека ќе биде квалитетен кандидат/ка што ќе ги направи горди Албанците и другите граѓани. Тие одлучиле да испратат писмо до универзитетите, академците, НВО, сите да се вклучат во процесот на изборот и сите да предлагаат имиња до ДУИ и заедно да се избере кандидат/ка што ќе ги добие гласовите на сите заедници, а не само на Албанците.