Првиот вицепремиер Артан Груби отпатува во Приштина каде се сретна со лидерите на политичките партии, в.д. претседател на Косово, Вјоса Османи. Тема на средбата бил пописот на населението на Северна Македонија по што Груби побарал помош од лидерите на Косово да ја повикаат албанската дијаспора на Северна Македонија да се попише.
„Правата на Албанците, заедно со другите заедници во согласност со Уставот во Македонија зависи од процентот на нивната застапеност иако ве уверувам дека правата на Албанците во Македонија се во иреверзибилен процес и ќе останат истите без разлика на бројот на граѓани кои ќе се попишат. Но, за развој на политиките добро би било сите од дијаспората да се само-попишат и потоа и резидентите“, вели Груби.
„Овој пат треба да бидеме сите заедно, за да дадеме поддршка, да помагаме со пописот на Албанците во Македонија, на тие кои се во дијаспора. Станува збор за лесен и јасен процес и со самопопишувањето тие си помагаат себеси, нивните семејства но и на татковината, во овој случај на целиот регион.“, рече Рамуш Харадинај,
„Поканете ги нашите браќа од Северна Македонија кои живеат во дијаспора, Европа, Америка, Канада, Австралија и на секое друго место за да се самопопошат бидејќи е во врска со иднината на Македонија, нивната политичката иднина, со нивните политички права. Сметам дека е важна тема и за Косово и за Албанија но и за регионот бидејќи живееме во 21 век .“, изјави Енвер Хоџај.
