Првиот вицепремиер Артан Груби, од редовите на ДУИ, вечерва гостува во „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме за актуелни политички теми.
Груби откри дека и во следните недели премиерот Зоран Заев ќе продолжи да биде премиер на земјата.
Според него, тоа така ќе биде се до средината на јануари, односно во зависност од преговорите со Бугарија, но исто така и од имплементацијата на новиот договор за Влада.
ТВ21: Ќе си оди или останува претседател на Влада?
„Овие следни недели не, ќе треба да се заокружи овој процес и сметам дека во средина на јануари, можеби и подоцна, зависи и како ќе се постигне договорот со Бугарија, но не оваа година, според преговорите што ги имаме досега“, порача Груби.
