Долга е листата на страницата на МВР со имиња на лица по кои е распишана меѓународна потерница. Вкупно се 67. Повеќето лица се непознати, но меѓу нив и такви кои се барани за тежок криминал кои предизвикаа голем интерес кај јавноста. Најпознат меѓу нив е екс премиерот Никола Груевски кој од ноември 2018 има статус на политички азилант во Унгарија која одби да го екстрадира.
За жал меѓународна потерница за него не беше објавена од Интерпол, вели дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Груевски треба да одлежи 2 години за примање награда за противзаконско влијание и 30 дена притвор за дело “загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Но дали Петровска мисли дека Груевски може да се врати доколку неговата партија ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт?
34 лица успеале да избегаат во овие две и пол години и се уште не се достапни. Меѓу нив се и двајцата екс агенти на УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски обвинети за скандалот со прислушувањата, кои се уште се во бегство. На слобода се само двајцата обвинети за 27 парил, Дејан Давидовски кој е фатен во Шведска како и Никола Војминовски кој треба да одлежи 13 години и 6 месеци затвор за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април. Во бегство се и двајцата осомничени за случајот Монструм, Али Демири и Африм Исмаиловиќ како и три други лица кои се товарат за убиство. Меѓу последните е името на Агим Красниќи.
“Лекот“ за овие недостатоци на системот, според заменик дополнителната министерка, е ветингот во МВР и судството.
Во моментов има 807 активни потерници пуштени од МВР. Бројот постојано се менува, зависно од лицата кои се фатени, кои се самопредале или пак кои починале додека биле во бегство.
