По повод обвинувањата од страна на СДСМ кои кажаа дека сопственикот на фирмата „Еко клуб“ од Битола, која се поврзува со големиот скандал на медицински отпад во Дрисла е близок соработник на Никола Груевски, се јави и поранешниот премиер со нов статус на „Фејсбук“. Груевски прес-конференцијата на Костадинов ја надече смешна.
„Демантирам дека сопственикот на фирмата Еко клуб бил мој, како што кажа портпаролот на СДСМ ,,многу близок соработник”. Напротив, не само што не бил мој било каков соработник, туку воопшто не сум го познавал ова лице, ниту пак знаев дека постои човек со такво име и презиме и со таква фирма“, вели меѓудругото Груевски.
