Добитничката на глобалната награда за едукација Сандра Грујевска во вечерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека критичкото мислење не е системски решено.
Таа вели дека мора самите да покренеме иницијатива за професионален развој.
„Зависи какво критичко мислење бараме од учениците, тоа е многу важно и зависи дали наставникот знае и дали е обучен да одговори на критичко мислење на учениците. Ако нас некој ученик, не искритикува или даде некој критички осврт секој наставник треба да спреми да даде одговор на тој критички осврт. Мислам дека тука лежи проблемот – дали сме ние спремни да дадеме критички осврт“, истакнува Грујевска.
Таа додава дека критичкото мислење не е системски решено и многу недостига.
„Ни треба многу едукација, соработка и многу вмрежување меѓу наставниците. Многу толеранција, многу разбирање“
