Ѓуровски: Кај нас сѐ уште се проповеда радикализам, постојат јасно лоцирани места кои се надвор од контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот за безбедност Марјан Ѓуровски во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека екстремизмот и радикализмот, како и злоупотебата на дел од религиозните прашања, во контекст на загрозување на други човекови права и слободи од одредени верски заедници и религиозни групи кои претставуваат закани за редот и стабилноста на сите земји во светот, а вклучително и факторите на миграцијата придонесуваат за безбедносен ризик.

„Постојат лица коишто се или биле на странски територии, се вратиле и реално делуваат, односно проповедаат радикализам и екстремизам, тоа се случува и на територијата на Скопје каде постојат јасно лоцирани места коишто се надвор од контрола“, посочува Ѓуровски.

Тој вели дека треба заеднички да се работи и со семејствата на лицата повратници.

„Злоупотребувањето на одредени религиозни прашања во контекст на глобални запоседнувања на светот заради некој верски права и злоупотребата во суштина доведува до дестабилизација“, додава професорот.