Коментирајќи за тоа дека еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена бил со македонско државјанство, професорот по безбедност Марјан Ѓуровски во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека токму тоа ја прави Македонија земја која може да се најде на листа каде има потенцијални лица со ризично минато.
„Самиот факт што говори дека биле наши државјани ја прави Македонија земја во којашто може да се најде на листата каде што има потенцијално лица со ризично минато“, изјави Ѓуровски.
