Гужва во Тетово во пресрет на празникот – многу желби, цените високи, а платите ниски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улиците во Тетово на ден пред празникот Бајрам преполни со народ. Долги колони автомобили со нервозни возачи. Сообраќајната полиција се обидува да воведе ред. На залениот пазар трговците ги изложиле своите производи и на тротоарите за да ги привлечат купувачите на последниот ден од Рамазан. Граѓаните кои излегле велат дека цените се многу високи, а се жалат дека платите се минимални.

„Многу се високи, не се воопшто намалени,пиперките се многу поскапени, а платата 250 евра, многу е“.

„Се е во ред“.

„Од почетокот на Рамазан  и за празниците најмногу поскапуваат“.

„Со овие цени платата треба да биде 30 илјади денари, пресметај сега кромидот е 4о денари. Во Германија е 20 центи а платата 2000 евра, овде 300 евра, ако пресметаме со цените надвор овде не треба да е повеќе од 10 денари килограм кромид“.

Последниве месеци повеќето прехранбени производи се поскапени. Маслото за готвење, месото и некои зеленчуци се поскапени за 20%. Од друга страна, пандемијата влијаеше на финансиската состојба кај многу семејства, особено кај оние кои главните приходи ги остваруваат од сезонска работа.