Хамас ги предаде телата на четворица Израелци во замена за стотици затворени Палестинци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Палестински Хамас му ги предаде на Црвениот крст телата на четворицата израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници од израелските затвори, само неколку дена пред крајот на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Претставник на израелската безбедност потврди дека Хамас му ги предал телата на заложниците на Црвениот крст.

Израел објави дека телата биле предадени со помош на египетски посредници преку израелски премин и дека процесот на идентификација е започнат. Во исто време, конвој на Црвениот крст со неколку десетици ослободени палестински затвореници го напушти израелскиот затвор Офер и се упати кон градот Беитунија на Западниот Брег, каде што ги чекаа стотици луѓе.

Пријателите и семејствата го поздравија ослободувањето на палестинските затвореници. Затворениците носеле маици на израелската затворска служба, а некои ги соблекле и ги запалиле веднаш штом пристигнале.

Неколку часа подоцна, автобуси со стотици палестински затвореници пристигнаа во Кан Јунис во Газа, некои од нив ја бакнаа земјата додека излегуваа од автобусите.

ФОТО: Архива