Хаос на дербито помеѓу Ал-Наср и Ал-Хилал, навивачите се судрија на трибините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на дербито помеѓу Ал-Наср и Ал-Хилал, се случи сериозен инцидент на трибините, кога навивачи на Ал-Наср, клубот каде што игра Кристијано Роналдо, насилно влегоа од ВИП делот на противничките навивачки трибини.

Според видеата што кружат на социјалните мрежи, ситуацијата во еден момент повеќе личела на улична тепачка отколку на инцидент на фудбалски натпревар, бидејќи некои навивачи биле видени како маваат со стапови и предизвикуваат хаос меѓу присутните.

Иако на теренот се одвиваше жесток дуел помеѓу два големи ривали, се чини дека вистинската драма се случи на трибините.

Во последниве години, саудиската професионална лига го привлече вниманието на глобалната јавност со доаѓањето на многу фудбалски ѕвезди, но ваквите инциденти го враќаат во фокус прашањето за безбедноста на стадионите.

Потсетуваме дека дербито заврши со резултат 1-1, додека шампионот на Саудиска Арабија ќе биде решен дури по последното коло. На Ал-Наср му треба уште една победа за да дојде и дефинитивно до титулата.