САД блиску до договор за долгорочен пристап до нафтените резерви на Венецуела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставници на администрацијата на Трамп работат на договор со кој на САД, кои го контролираат извозот на венецуелската нафта, би им се овозможил долгорочен пристап до дел од резервите на сурова нафта на оваа јужноамериканска земја, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјави од извори запознаени со разговорите.

Договорот, кој би можел наскоро да биде потпишан и објавен, се очекува да функционира така што американската влада ќе обезбеди група нафтени полиња во Венецуела, кои ќе ги развиваат американски компании. Според изворите, нафтата произведена од нив би била наменета за САД.

„Ова е реално и за него се разговара на највисоко ниво меѓу владите на САД и Венецуела“, изјавил еден од изворите.

Друг извор изјавил дека како правен модел за спроведување на договорот се разгледува „давање под закуп“, при што секое нафтено поле би им било доделено на американски производители преку аукција или тендер.