Полицијата во Непал соопшти дека бројот на жртвите од поплавите што ја погодија земјата се искачил на 469 лица.
Екипите за спасување и потрага продолжуваат со операциите во погодените подрачја, додека повеќе од 1.300 лица сè уште се водат како исчезнати, објави „Гардијан“.
Меѓу исчезнатите има стотици туристи од Индија, САД, Велика Британија, Австралија и Канада.
