Хаос во Нови Сад: Граѓаните се судрија со полицијата, гаѓаа со јајца кон нив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово рано наутро голем број полицајци пристигнаа во Градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница на која треба да се избере нов градоначалник. Полициски службеници се и во Собранието на АП Војводина, кое е преку улицата.

Како што претходно беше најавено, седницата за избор на градоначалник на Нови Сад е закажана за 10 часот.

Полицијата со опрема за разбивање демонстрации, со штитови и шлемови, и полициски кучиња, пристигна со автобуси и бројни „марици“.

Тука се и насобрани граѓани кои фрлаа со јајва кон припадниците на полицијата, додека советниците од опозицијата ја туркаа полицијата обидувајќи се да го пробие кордонот и да влезе на седницата на Собранието на која се избира градоначалникот.