Голем дел од Чешка остана без електрична енергија, соопшти операторот на електричната мрежа во земјата. „Во моментов можеме да потврдиме дека има прекин во нашата електрична мрежа“, изјави портпаролката на CEPS, Хана Климова, за АФП.
„Прекинот го погоди поголемиот дел од Чешка“, додаде таа. Премиерот Петр Фиала ја опиша ситуацијата како „вонредна и срамна“ во објава на Платформа X.
Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка изјави дека железничките линии се суспендирани во пет од 14-те покраини во земјата, вклучувајќи го и главниот град Прага.
Кратко по првите извештаи за прекин на електричната енергија, CEPS објави дека причината е паднат далновод. Тие додадоа дека снабдувањето со електрична енергија е обновено во повеќето од погодените области.
Метрото во Прага беше надвод од употреба, но некои линии беа пуштени по само 15 минути пауза, а некои после 30 минути.
Чешката полиција на платформата „Икс“ соопшти дека нема информации кои укажуваат на сајбер напад.
Blackout in Prague, Czechia right now! All power out, including this mall Palladium! pic.twitter.com/v3fb8yIAbw
— Bobby (@chrisadamrich) July 4, 2025
