Хеликоптер се урна на британскиот остров Вајт, не е познато дали има жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британските служби за итни случаи објавија дека хеликоптер се урнал на островот Вајт, но сè уште не е познато колку патници имало на него, ниту дали има жртви.

Несреќата се случила околу 9:24 часот по локално време, а на местото на настанот биле испратени лекари и специјалист за брза помош, пренесува Скај њуз.

„Патот е затворен поради бројот на возила за итни случаи на местото на настанот, затоа ве молиме избегнувајте ја областа во овој момент“, соопшти полицијата.