Мицкоски: Разговаравме со германските амбасадори за економска соработка и европска интеграција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска во Владата одржал средба со германските амбасадори во регионот, на која се разговарало за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.

Како што посочи Мицкоски, во фокусот на разговорите биле економските партнерства, процесот на европска интеграција, како и можностите за покренување заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес.

Тој нагласи дека средбата претставува уште еден чекор кон зајакнување на односите со Германија, која ја оцени како стратешки партнер на Македонија.