Неколку прелети над Скопје, беа доволни за граѓаните вознемирени да почнат по социјалните мрежи, а и во нашата редакција да се јавуваат и прашуваат што се случува и зошто хеликоптер во вечерните часови го надлетува Скопје.
Од Центарот за управување со кризи велат дека нема место за паника, туку дека се работи за ноќно летање над Град Скопје.
„Денес во период од 18:40 до 20:00 часот, хеликоптер Ми 17 на Воздухопловната бригада ќе изврши ноќно летање над Скопје“, велат од ЦУК.
