Еден доставувач во Виетнам чекајќи да достави пратка, во еден момент погледнал во соседната зграда каде здогледал девојче како виси на ивица од балкон кој се наоѓал на 12-тиот спрат.
Нгујен Нгок Манх реагирал инстиктивно и веднаш истрчал од возилото, обидувајќи се да пронајде било каков начин со кој ќе го спаси детето кое во секоја секунда можело да падне.
Проценувајќи ја ситуацијата, човекот се качил на настрешницата на долниот дел од зградата, точно под местото на кое девојчето се обидувало да одржи рамнотежа.
Девојчето не успеало да одржи рамнотежа и паднало, а за среќа, мажот успеал да го фати детето баш во вистинскиот момент.
„Слушнав како плаче дете, а потоа и некој како вреска за помош. Кога погледнав низ прозорецот на автомобилот, видов девојче кое висеше од балконот! Излетав од возилото и почнав да размислувам како да му помогнам. Се качив на два метри висока настрешница и во еден момент и самиот почнав да губам рамнотежа. Меѓутоа, успеав да се стабилизирам и детето во еден момент ми падна во раце“, раскажал тој за локалните медиуми.
Кога го фатил девојчето, сфатил дека му тече крв од уста и веднаш повикал Брза помош, која го сместила во болница.
„Не можев да размислувам за тоа што го направив. Штом видов како виси, помислив на ќерка ми и тоа ми даде сила“, рекол доставувачот, кој после херојскиот чин добил многу пораки за поддршка.
😱¡HEROICA ATRAPADA!👏
— Unicanal (@Unicanal) March 1, 2021
Un repartidor le salvó la vida a una niña de 3 años que cayó del piso 12 de un edificio en Vietnam.
La nena sufrió fracturas en la pierna y en los brazos, pero está viva gracias a la heroica acción de Nguyen Ngoc Manh❤️, quien sufrió un esguince.#VIRAL pic.twitter.com/eI03quT0IM
