Химна за репрезентацијата на Македонија – „Одиме на Европско првенство, таму ни е местото“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Одиме на Европско првенство, таму ни е местото“, е навивачката химна на Фудбалска репрезентација на Македонија со која ќе се бодри на претстојното Европско првенство.

Македонија се пласираше на европско првенство за прв пат од осамостојувањето.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија Мухамед Сејдини истакна дека со химната ќе слават нови победи на репрезентацијата на Македонија. 

„Верувам дека ќе се радуваме заеднички за нови победи, со душа и со срце ќе ги бодриме нашите фудбалери и ќе славиме за нови победи“, посочи Мухамед Сејдини.