Холандија ја блокира Црна Гора во преговорите: Несогласување се однесува на пристапот до пазарот на труд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црна Гора очигледно се соочува со проблеми во евроинтегративниот процес. Тоа доаѓа откако Холандија соопшти дека не се исполнети сите потребни услови за привремено затворање на Поглавјето 2 во преговорите за членство на Црна Гора во Европската Унија. Според ставот на холандската дипломатија, едно од главните прашања е поврзано со пристапот до пазарот на труд. Хаг бара црногорските граѓани во ЕУ, како и граѓаните на земјите членки во Црна Гора, да имаат целосен и непречен пристап до вработување, но дури по преоден период од пет до седум години по членството. Од друга страна, во Подгорица сметаат дека одложувањето на Меѓувладината конференција не е нужно поврзано со блокада на процесот или со неисполнување на обврските, туку со динамиката и внатрешните приоритети на Претседателството со Советот на ЕУ, како и со процедурите во земјите членки. Владата на Црна Гора повторно ја истакна својата намера до крајот на годината да ги затвори преостанатите поглавја од преговорите, во координација со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Црна Гора е кандидат за членство во ЕУ од 2010 година, додека преговорите започнаа во 2012 година.