Македонија и дефинитивно нема да продолжи во следната фаза на ЕУРО 2020. Македонскиот национален тим вечерва требаше да чека пораз на Холандија, а потоа и да ја совлада селекцијата на „лалињата“, што беше само теорија. Но, од вечерва и таа теорија исчезна.
Холанѓаните со головите на Депај од пенал и на Дамфрис во вториот дел од акција, ја победија Австрија со 2:0, и веќе си обезбедија пласман во следната фаза. Австрија, пак, со Украина во директен дуел во последното коло ќе брка пласман во следната фаза.
За Македонија сега останува само натпреварот со Холандија во понеделник во Амстердам, за поправање на впечатокот.
Во првиот натпревар од „Ц“ групата денеска, Белгија немаше милост кон Данска и ја совлада со 2:1 во Копенхаген. Данска водеше со 1:0 на полувремето, а во вториот дел Торган Азар и Де Брујне донесоа пресврт. Со оваа победа Белгија обезбеди пласман во 1/8 финалето.
