Холандија: Уште четири лица починаа од вирусот Западен Нил, вкупно девет од почетокот на годината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Холандија во последните недели уште четири лица починале од вирусот Западен Нил, со што вкупниот број смртни случаи од оваа болест од почетокот на годината се зголемил на девет, соопшти денеска холандскиот Институт за јавно здравје.

Во соопштението се наведува дека епидемијата веројатно го достигнала својот врв, имајќи предвид дека бројот на нови инфекции е намален во последните недели, пренесува „НЛ тајмс“.

Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил во Холандија по шест години беше регистриран во август, а вкупниот број заразени во земјата оттогаш се зголемил на 56.