Холандија во шок: Уапсени шест тинејџери поради обид за убиство на 11-годишно дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Холандската полиција уапси шест малолетници, откако 11-годишно момче со тешки повреди беше пронајдено во стан. Тие се одомничени за обид за убиство или убиство од небрежност.

Момчето со сериозни повреди итно било пренесено во болница во Ротердам со сериозни повреди, а полицијата во средата потврди дека апсењата биле извршени во понеделник, вторник и среда. Меѓу осомничените се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Маарсберген и 16-годишно момче од Еншеде.

Младите осомничени се товарат за обид за убиство или убиство од небрежност, а постои и сериозно сомнение за соучесништво. Тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. Сите се во притвор, а денеска или утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам кој ќе одлучи дали ќе останат во притвор.

Тешко повредениот 11-годишник, потекнува од Хугвлиет.