На 13.05.2026 година, во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 22-годишниот С.С.С. од Кралството Холандија, пренесува ТВ21.
Според информациите од полицијата, тој бил приведен по претходна пријава дека околу 23:35 часот, на подрачјето на Центар, се однесувал недолично и го нарушил јавниот ред и мир.
Исто така, во пријавата било наведено дека лицето е осомничено дека носело огнено оружје.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
