Хорор на стаклен мост: Турист висел во воздух затоа што стаклото се срушило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фотографија од турист заробен на мостот најпрво беше објавена на кинеската социјална мрежа Веибо каде е прегледана повеќе од четири милиони пати.

Додека уживаше во прекрасниот поглед на планината Пијан во кинескиот град Лонгјинг, каде што двата планински врвови ги поврзува стаклен мост под кој има бездна од сто метри, еден турист едвај извади жива глава.

Имено, кога одел по мостот, стаклото одеднаш започнало да се распаѓа, па туристот останал да виси во воздухот. Стаклените панели најверојатно ги однесе ветерот што дуваше повеќе од 100 километри на час тој ден. Фотографија од турист заробен на мостот најпрво беше објавена на кинеската социјална мрежа Веибо каде е прегледана повеќе од четири милиони пати. Човекот бил заробен на мостот со часови и на крајот го спасиле пожарникарите, полицијата и туристичките работници.

Подоцна бил пренесен во болница и иако не бил повреден, добил психолошка помош поради стравот што го претрпел. Патем, станува збор за мост кој е долг 430 метри и широк шест метри и поврзува два планински врвови и е многу популарна туристичка дестинација.