ХОРОР ВО ТАЈЛАНД: Војник убил 12 лица, држи заложници во трговски центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неименуван тајландски војник убил 12 лица во градот Корат на североистокот на Тајланд, откако од непознати причини отворил оган во воен камп. Медиумите јавуваат дека пукал по надредените, колегите и по цивили.

Успеал да го убие својот надреден и двојца колеги, а потоа со автомобил се упатил во трговски центар во градот, и таму отворил оган на цивили.

Наводно напаѓачот и натаму се крие во трговскиот центар, а со себе има и заложници.

Наводно се појавило и видео дека напаѓачот во живо го пренесува овој „масакр“, а потоа истото било избришано од „Фејсбук“.

Подетални информации во текот на денот.