Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за честитките по повод Денот на независноста, како и за неговите желби за мир и закрепнување на Украина.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски истакна дека ја цени поддршката од Србија за територијалниот интегритет на Украина и нејзината посветеност кон принципите на Повелбата на Обединетите нации.
„Благодарен сум на Србија и на српскиот народ за хуманитарната поддршка за Украина во ова тешко време“, наведе Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека очекува продолжување на дијалогот со Вучиќ и натамошно унапредување на украинско-српските односи.
Објавата беше придружена со знамињата на Украина и Србија.
