Хотел во Саранда срамнет со земја – непознат сторител со експлозив тритол го крена во воздух

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со експлозив тритол во јужниот албански приморски град Саранда, целосно е уништен хотел а оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти.

Според полицијата сопственикот на хотелот „Визант“ кој работел само во летната сезона, додека сега бил затворен, имал недоразбирања со поранешниот косопственик, со кого биле во судски процес, како околу хотелот така и за пицеријата сместена на првиот кат.

-Од 2002 година двајцата косопственици Спиро Чабири и Димитар Еванѓелиу се во судски процес за сопственоста на овој хотел. Не е познато дали експлозијата, што се случи во 5;52 часот е поврзана со овие конфликти, но службите целосно се ангажирани во утврдување на мотивите и откривање на сторителот, стои во полициското соопштение.

Медиумите наведуваат дека експлозијата се слушнала во целиот град, а жителите тврдат дека предизвикала потреси слични на земјотрес.