Хрват се одлучи да игра за Германија, но првилата не дозволуваат – сега и Хрватска не го сака

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватскиот фудбалер Борна Соса кој е дел од Штутгарт, пред неколку дена се одлучи да го прифати повикот да игра за Германија. Левиот бек има настапи за младите селекции на „коцкастите“, но сега работите се сменија, па веќе ги инфомираше од хрватскиот фудбалски сојуз дека се одлучил за Германија.

Меѓутоа во меѓувреме додека траеше постапката, стигна писмо од ФИФА кое вели дека Соса не може да игра за Германија. Правилото вели дека секој фудбалер кој нема официјален настап за својата земја со под 21 година, може да го смени националниот дрес. Соса играл за младата селекција на Хрватска со полни 22 години и неколку месеци.

И спортскиот директор на Германија, Оливер Бироф потврди дека Соса не може да игра за поранешниот светски првак.

И Соса самиот ја призна грешката, и рече дека „ во иднина е ставен на располагање за Хрватска“. Но, селекторот на „коцкастите“ Златко Далиќ изјави дека нема намера да го стави на списокот Соса за престојното ЕП поради тоа што веќе се огласил дека не сака да игра за Хрватска.

Дали за Соса ова значи крај на репрезентативната кариера, останува да се види.